Пет нови странски инвеститори пред потпишување договор

Bez autora
Aug 13 2013

Пет нови странски инвестиции во Македонија најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за МТВ. Со сите нив договорите се пред потпишување. Со пет компании сме во финална фаза, односно пред потпишување на договор за инвестирање. Станува збор за две турски инвестиции, една американска, неколку од регионот. Тој во интервјуто откри и дека двете турски компании се од медицинската област и ќе инвестираат во свои погони во Бунарџик, додека американската компанија како локација за инвестирање го избрала Кочани. Освен за Бунарџик, според него потенцијални инвеститори има и за другите технолошко индустриски зони низ државата. Ставрески најави дека Охрид, Струга, Тетово и Кичево се градовите каде во наредниот период ќе има инвестиции од странство.

Пет нови странски инвеститори пред потпишување договорПет нови странски инвестиции во Македонија најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за МТВ. Со сите нив договорите се пред потпишување.

- Со пет компании сме во финална фаза, односно пред потпишување на договор за инвестирање. Станува збор за две турски инвестиции, една американска, неколку од регионот - изјави тој.

Тој во интервјуто откри и дека двете турски компании се од медицинската област и ќе инвестираат во свои погони во Бунарџик, додека американската компанија како локација за инвестирање го избрала Кочани.

Освен за Бунарџик, според него потенцијални инвеститори има и за другите технолошко индустриски зони низ државата. Ставрески најави дека Охрид, Струга, Тетово и Кичево се градовите каде во наредниот период ќе има инвестиции од странство. Тоа според него е добра вест, бидејќи носи нови вработувања и подобар стандард за граѓаните.

- Македонската економија веќе има знаци на закрепнување, индустриското производство расте, градежништвото оди традиционално добро во текот на овие години, извозот е исто така позитивен. Сето ова, заедно со интензивирањето на реализацијата на неколку крупни капитални проекти до крајот на 2013 година финансирани во форма на јавни инвестиции, ќе помогне да се реализира предвидениот раст од најмалку два процента - оцени Ставрески во интервјуто, со напомена дека се очекува економијата и натаму да остане во позитивната зона.

Тој вели дека Буџетот во целина ќе ги сервисира сите свои обврски, со помали и поголеми проблеми, а ликвидноста е добра без проблеми во исплатата. Пензиите редовно се исплаќаат, а субвенциите се дадени навреме, некои и порано.

- Редовни сме во плаќањата и по основ на поврат на ДДВ и по основ на плаќања на фактурите со фирмите со коишто работиме. Тие, пак, имаат свои подизведувачи, помали фирми со кои работат и така тој синџир на ликвидност на пари што се пуштаат од буџетот се пренесува во стопанството и во економијата, тоа помага да се ублажат ефектите од европската криза - потенцира министерот.

Според него, Владата ќе опстои на политиката да не ги зголемува даноците што други земји ги зголемиле.

- Кај нас ќе останат ниски даноците, редовно ќе се вршат плаќањата, но ќе има и дополнителни мерки онака како што дозволуваат условите во буџетот или како што има можност одредена работа да се реализира, рече вицепремиерот.

Тој оцени дека домаќинско работење и помогна на државата да изнајде решенија во однос на последиците од кризата.

- Секогаш наоѓаме решенија во тие околности во коишто сме. Се надеваме дека следната година ќе биде подобра и дека ќе можеме да продолжиме со политиките на зголемување пензии, социјални надоместоци, субвенции, плати,... - рече министерот.

За следниот период, соопшти, се размислува за мерки што ќе помогнат и во делот на ликвидноста и во делот на финансиската дисциплина посебно во дисциплината меѓу наплаќањата на обврските и од буџетот кон стопанството, но и меѓу стопанството, со цел да се заштитат подобро оние фирми што се кредитори, односно фирмите кои должат поредовно да им ги плаќаат обврските на фирмите коишто побаруваат.

Во интервјуто за јавниот сервис тој се осврна и на кредитирањето, при што ги повика банките кои имаат доволно ликвидни средства да направат напор, да најдат клиенти, а не само да чекаат тие самите да им дојдат. Според него кредитниот раст е недоволен, иако е подобар од тој во регионот. Ставрески смета дека за да има поголем пораст на економската активност, потребни се и повеќе кредити во стопанството.

- Засега главно кредитите што ги обезбеди Владата преку Европската инвестициска банка за малите и средните претпријатија се тие што се одобруваат на фирмите. Веројатно дел имаше објаснување во условите општи во Европа каде што тие не беа такви за да може да се продолжи со кредитната активност на начин како порано, но сепак банките треба да направат напор, да најдат добри клиенти, не само да чекаат да им дојдат добри клиенти. Еден дел од нашите мерки помогнаа да се намалат каматните стапки на пласманите на банките со самото тоа што ги намаливме каматните стапки на државните записи, Народна банка помогна во делот на инструментите на монетарната политика, ослободи дополнителна ликвидност за банките да ја пласираат, истакна Ставрески, кој изразува уверување дека есенва и следната година ќе има зголемена кредитна активност. Министерството за финансии и банките, нагласува во интервјуто, ќе продолжат да работат на тоа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik